Фудбалерите на Вардар во овој момент го одработуваат првиот официјален тренинг под водство на Горан Симов. На првиот тренинг како што напишавме има вкупно 12.нови имиња, а од поискусните тука се Петковски, капитенот Блажевски и голманот Илиќ.
На првиот тренинг се појавија и најверните навивачи на Вардар, ,,Комитите” кои и покрај лошите временски услови во Скопје денеска, дојдоа и им дадоа максимална поддршка на играчите.
Вардар првата фаза од подготовките ќе ги одработи во Скопје, а потоа ќе се пресели во Охрид каде ќе ги мине главните подготовки и ќе одигра неколку пријателски натпревари пред стартот на сезоната која започнува на 21-ри, идниот месец.