Во 1.коло од женскиот ракометен ЕХФ Шампионат на кој Скопје, односно салата „Јане Сандански“ се домаќин, Македонија ја пречека селекцијата на Босна и Херцеговина. Ние отворивме одлично на овој собир за младинки, тргнувајќи триумфално.
Девојките на Савевски уште по првиот дел најавија победа, на пауза заминаа со пет гола повеќе (17-12), во вториот дел одлични бевме во нападот, ја зголемивме повеќе од дупло предноста. Победата дојде со резултат 39-28 за црвено-жолтите дами на оваа воведна сребра. Во второто коло се соочуваме со Фарски Остови, исто така и на таа средба се очекува да бидеме фаворит.
На оваа средба, Сара Миновска беше не погрешлива, таа погоди 10.пати со 100% ефект во обидите. Оваа девојка за која постојано напоменуваме дека игра тотален ракомет ја доби и наградата за МВП (најкорисен играч), сосема заслужено. Таа погодуваше од сите можни ситуации, втор стрелец со 8.гола на оваа средба беше Коларовска. Од вардарки покрај капитенот Миновска погодија и девојките од пикерското црвено-црно дуо, Дамјаноска-Џатевска. Голманката Јована Трајкоска остави одличен впечаток, таа сопре два пенала за 13.минути на теренот, на тоа додаде и три одбрани на ударите од поле.