Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (Фотогалерија) Ане Андовски ги “подреди“ младинците на ФК Вардар, кои започнаа со подготовките за новата сезона
(Фотогалерија) Ане Андовски ги “подреди“ младинците на ФК Вардар, кои започнаа со подготовките за новата сезона

(Фотогалерија) Ане Андовски ги “подреди“ младинците на ФК Вардар, кои започнаа со подготовките за новата сезона

Младинците на ФК Вардар веќе три дена како што започнаа со подготовките за новата натпреварувачка сезона. Нивни нов предводник од клупата ќе биде Ане Андовски, тренерот со најголемо искуство во Вардар, очекувано беше да ја превземе највозрасната генерација во младинската школа на клубот. Докажано тренерско име не само во младинските категории на Вардар, туку и на сениорски тимови во Македонија, каде Андовски има работено како прв тренер на Силекс, Македонија Ѓ.П, Дрита и.т.н. Последниве две сезони успеа да стане шампион на Македонија, со генерациите на Вардар родени ‘2004“ и “2005“ година.

Утрово на теренот на Академијата се работеше со топка, како и на физичка подготовка. Со оглед дека во новата сезона се оди скалило погоре, сега младинскиот тим го сочинуваат играчи, кои се генерациски родени 2000 година. Целта ќе биде да се освои првото место, кое изминативе две сезону му припаѓаше на тимот на Шкендија. На денешниот тренинг беа присутни и новиот директор во младинската школа, Ѓоѓри Христов, како и координаторот, Сашо Милошевски.

Нашиот медиум беше присутен на утренискиот тренинг на младинците и ви пренесува неколку фотографии.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15