Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сергеј Горбок се враќа во Вардар и потпиша договор на две сезони со црвено-црните
Сергеј Горбок се враќа во Вардар и потпиша договор на две сезони со црвено-црните

Сергеј Горбок се враќа во Вардар и потпиша договор на две сезони со црвено-црните

Како и што претходно се најавуваше, сега доби и официјална потврда. Нов играч на РК Вардар ќе биде репрезентативецот на Русија, Сергеј Горбок, за кој ова е второ доаѓање во клубот. Левиот бек го носеше црвено-црниот дрес, во сезоните 2014/15 и 2015/16 и постигна 104 голови, по што се пресели во екипата на Пик Сегед, каде исто така одигра две сезони. Според договорот, Горбок би требало да остане во Вардар до јуни 2020 година.

Горбок и Борозан ќе ја сочинуваат левата бековска позиција и треба да претставуваат голема опасност за противничките голови. Покрај во Вардар и во ПИК Сегед, Горбок има настапувано и за екипите на Аркатрон Минск, Запорожје, Целје, Рајн Некар и Чеховски Медведи. За овие клубови има освојувано многу медали и трофеи. Бил шампион на Белорусија, Украина, Словенија, Русија, Македонија и Унгарија. Има настапувано во финалето на КПК со Рајн Некар.

Горбок по Стас Скубе и второто засилување, кое од клубот официјално го потврдија. Се очекува официјализација да добијат и новиот голман, Дејан Милосављев, како и десниот бек од Русија, Дмитри Кисељев.