Фудбалерите на шампионот Вардар ја имаа третата посета на училиште неделава. Тие денеска го посетија основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода. Тие претходно беа изминативе денови во посета на средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ и основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.
На денешната средба со основците присуствуваа голманот Филип Гачевски, Ховханес Хамбарџумјан, Дарко Велковски, Владица Брдаровски, Благоја Љамчевски, Ацо Стојков, Петар Петковски, Влатко Грозданоски, Христијан Денковски, Горан Попов и помошниот тренер Александар Влахо. Стандардно за вакви средби со домаќините играа фудбал, се фотографираа и поделиа реквизити и се разбира ги поканија на дербито за титулата со Шкендија.