Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа и пораз за Македонската кадетска репрезентација, на турнирот во Бугојно
Победа и пораз за Македонската кадетска репрезентација, на турнирот во Бугојно

Победа и пораз за Македонската кадетска репрезентација, на турнирот во Бугојно

Кадетската ракометна репрезентација стартуваше со една победа и пораз на турнирот “Ракометот е мојата иднина 2016“ во Бугајно. Избраниците на Стојан Петрушевски на отварањето на турнирот се сретнаа со селекцијата на Хрватска, од кој бевме поразени. Конечниот резултат 41:25. Иако после првото полувреме (17:13) не се очекуваше ваков исход, сепак Хрватите се покажаа како далеку поквалитет и поспремен противник. Вардаровите ракометари на овој дуел не успеаа да се запишат во листата на стрелци

Впечатокот беше поправен веќе на вториот дуел, на кој противник ни беше репрезентацијата на Катар. Многу подобра игра на овој втор натпревар, на кој нашите репрезентативци имаа водство во текот на целиот меч. На полувреме имавме предност од 15:1о. Во вториот дел само ја зголемувавме разликата, за конечни 28:20 на вој дуел. Антонио Николовски беше единствениот од Вардаровите играчи кој успеа да постигне два гола.