Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени “2002“ година стигнаа до својата осма победа. Во рамките на претпоследното коло од регионалната лига, избраниците на Петар Ѓорѓиевски се сретнаа со екипата на ФК Скопје, која ја совладаа убедливо со резултат 7:0. Марио Илиевски постигна хет-трик, два гола беа за Леонид Игнатов, додека по еден постигнаа Атом Фазлиу и Анаталиј Петејчук.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.