Вечерва во спортскиот рекреативен центар Кале, кадетите на ракометниот клуб Вардар издвојуваа убедлива победа против екипат на РК Младинец 2015 од Кочани. Избраниците на Чивлачки и Грчевски триумфираа со резултат 32:16.
Уште од самиот старт најавивме каков тек ќе има овој натпревар, откако Вардарци поведоа со 5:0, додека првиот гол гостинскиот тим го постигнува дури во 7 минута од мечот. После овој погодок на Младинец, црвено-црните одговорија со три нови погодоци за веќе да имаме убедлива предност од 8:1. Безпрекорно функционираше нашата игра во овој дел од натпреварот. Во нападот реализиравме од различни позиции, а постигнувавме и лесни голови преку брзи контра напади. До крајот на првото полувреме само го зголемувавме водството, за на полувреме да заминеме со двоцифрена предност од 16:6.
Идентичен број на погодоци постигнавме и во второто полувреме, Вардар со гол го отвара и вториот дел и најави дека до крај ќе одигра максимално добро. Младинец за кратко само ја спушти двоцифрената негатива на 18:9, но Вардарци постигнаа три последователни голови и веќе имаа убедливи 21:9. Се до 50 минута од мечот го одржувавме ова водство, за да направиме нова серија од 4:0 и да зголемиме на резултат 27:13. Последните десет минути беа само рутина за нашиот состав, кој запиша нова победа во кадетската лига. Конечниот резултат гласеше 32:16.
Христи Бикоски постигна 6 гола во победата на Вардар, додека Предраг Радуловиќ и Леонид Давитковски постигнаа по 5 погодоци.
Вардар: Брунчевиќ, Динев 2, Миланов 2, Милошески 2, Стојковски 1, Тушев, Манев 2, Бикоски 6, Кизиќ, Олтовски, Стојановски 1, Мисаилески 2, Мајсторовски, Радуловиќ 5, Стојчески 4, Давитковски 5