Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Уште еднаш надигран Свиленград, младиот состав на Вардар СЦЈС се пласираше во следната рунда од Челинџ купот
Уште еднаш надигран Свиленград, младиот состав на Вардар СЦЈС се пласираше во следната рунда од Челинџ купот

Уште еднаш надигран Свиленград, младиот состав на Вардар СЦЈС се пласираше во следната рунда од Челинџ купот

Младиот состав на ЖРК Вардар СЦЈС обезбеди пласман во следната рунда од Челинџ купот. Ова е епилогот од завршениот реванш натпревар вечерва во спортскиот центар Јане Сандански. Избраничките на Симе Симовски по втор пат ја победија екипата на Свиленград и се пласираа во осминафиналето од ова натпреварување.

Предноста од првиот меч (29:35) значеше многу за нашите девојки, кои сакаа предвреме да го решат овој двомеч со претставникот од Бугарија. Вардар беше екипата која беше во постојано водство и го контролираше резултатот. Освен почетното водство на гостинскиот тим, остатокот од мечот помина во доминација на младите Вардарки. Како течеше првото полувреме постепено го зголемувавме водството, не давајќи на противникот многу да се изнаигра. По првото полувреме имавме водство од 14:11 и полека го најавивме дека успешно ќе ја поминеме првата пречка во Челинџ купот.

Само десет минути во второто полувреме беа потребни предвреме да го решиме натпреварот. Вардарки поведоа со највисоки девет голови разлика, иако имаа и напад за двоцифрена предност. Свиленград беше под квалитетот  на нашите девојки и гледаше да замине од Скопје со подостоен пораз. Тренерот Симовски во последните 15 минути им даде шанса за настап на сите ракометарки кои му беа на располагање. Пружената шанса ја искористи и младата Ива Божиноска која постигна 2 гола. Конечниот резултат гласеше 29:22. На овој начин продолжуваме понатаму во европските натпреварувања.

 Најефикасна во нашите редови беше Керамитчиева со 7 голови, додека Сара Митова, Симона Стојановска и Ангела Тодоровска постигнаа по 3.

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова, Прленда 1, Стојановска 3, Трпковска 2, Ѓорѓиевска 2, Николовска 1, Митова 3, Бојаџиска 2, Тодоровска 3, Нолевска 2, Петковска, Керамитчиева 7, Мишевска 1, Божиноска 2, Гичевска, Велкова.