Вчера на терените на Академијата на ФК Вардар се одигра пријателски натпревар помеѓу пионерите на ФК Вардар и врсниците од ФК Металург. Тренерот на црвено-црните овој тест дуел го почна со следните 11 момци: Рамадани, Крстевски, Астарџиев, Апостоловски, Николов, Цури, Ристевски, Игнатов, Спировски, Андоновски, Хасановиќ. Овој дуел имаше интересен тек на полувреме губевме со 0-3, а во вториот дел со пресврт триумфиравме до 5-3.
