Се комплетираше првото коло во групата Ц во Лигата на шампионките. По ова комплетирано прво коло во нашата група покрај триумфот на ЖРК Вардар, се случи и мало изненадување. На домашен терен во Норвешка тимот на Ларвик загуби од германскиот претставник тимот на Турингер.
Ова значи дека сезоната со бодови ја отворија Вардар и Турингер, додека пак без бодови се ФТЦ и Ларвик. На натпреварот во Норвешка за тимот на Турингер животна партија одигра репрезентативката на Чешка, Лузумова која постигна неверојатни 13 погодоци, што секако ја прави прв стрелец во ЛШ.
Во следното коло Вардар му гостува токму на тимот на Турингер во Германија.