Генерациите 2006 и 2007 на ФК Вардар го освоија турнирот „Гази Баба Куп“, додека генерацијата 2010 заврши на третото место.
На завршната церемонија покрај медалите и трофеите за најдобрите екипи се доделуваа и поединечни награди за најдобар играч, стрелец и голман на завршниот турнир.
За најдобар голман кај генерација 2006 беше прогласен токму вардаровиот голман, Андреј Данстак, додека најдобар играч е Алтин Алији.
Најдобар голман имавме и кај генерација 2007, тоа е Даниел Исајловски кој беше јунак на Вардар во големото финале, додека неговиот соиграч, Стефан Младеновски го понесе признанието за најдобар играч на турнирот.