Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јаковчевска Ива: Тимот одлично се подготвува, очекувајте нови радости од ЖРК Вардар
Јаковчевска Ива: Тимот одлично  се подготвува, очекувајте нови радости од ЖРК Вардар

Јаковчевска Ива: Тимот одлично се подготвува, очекувајте нови радости од ЖРК Вардар

Во спортот успеваат само најсилните, најжестоките, оние кои се предаваат максимално на својата цел. Такви се младите девојки од женскиот ракометен клуб „Вардар“. Изминатата сезона на возраст на кадетки беа исправени пред предизвикот да ги бранат сениорските црвено-црни бои. Тимот кој бешеотпишан“ покажа дека на нив треба да се смета во македонскиот ракомет, одигра сезона за паметење.

Дел од вице-првакот во македонскиот Куп и една од најдобрите три екипи во женската сениорска и младинска лига е младата и талентирана Ива Јаковчевска. Станува збор за инспиративна  и талентирана млада девојка, во тимот  настапува на десната крилна позиција. Таа ќе го има товарот во новата сезона поради заминување на една од девојките на нејзината позиција, сепак покажа дека знае да се носи со притисокот. Станува збор за  девојка која поседува талент, која се уште го нема кажано последнот збор во ракометот. Има одличен преглед на играта,  играч кој својата игра ја базира на вештините кои ги поседува, она е тимски играч и стрелец со задоволителни квалитети. Се очекува токму во оваа сезона да го покаже целиот свој капацитет кој очигледно го поседува. Ива целата своја ракометна кариера ја има посветено на Вардар, таа е плод на Јуниор лигата, покажувајќи дека истата може да создаде првотимка во сениорска лига.  Во продолжение ви носиме интервју со оваа ракометна македонска надеж.

Ива за време на пионерските денови по селектирањето во Вардар

Ива за време на пионерските денови по селектирањето во Вардар

1. Вашата кариера е специфична, црвен-црната боја ја одбележа истата, раскажете ни го вашиот ракомете пат од почетоците до денес?

Во црвено-црниот дрес играм од самиот старт на мојата „ракометна приказна“. Моите почетоци беа во ракометниот клуб Вардар-Кисела Вода, а потоа бев селектирана во РК Вардар. Големо беше задоволството да се биде дел од омилениот тим. Од тогаш па се до денес, секојдневно го усовршувам и надоградувам моето знаење со помош на тренерите, кои ми дадоа уште поголем мотив да се истакнам како играч. Целиот мој ракометен опис е поврзан со Вардар, на тоа сум посебно горда, јас сум црвено-црна во срцето.

2. Која е вашата позиција во тимот на Вардар и кој тренер е најзаслужен за вашиот ракометен напредок?

Настапувам  на десната крилна позиција, место кое има посебна важност за мене бидејќи тоа е позиција на која се пронаоѓам. Ќе „акцентирам“ дека најзаслужна за моите успеси, ракометен напредок и усовршување е мојот тренерот Драгана Ристова. Од самиот почеток под нејзиното „будно око“ се усовршувам како десно крило, таа има посебно место во мојот ракометен напредок.

69151323_749180802184720_8966718771364364288_n

Драгана Ристова е најзаслужна за мојот напредок и играњето на крилната позиција-вели Јаковчевска

3.Позади вас е успешна сезона на три фронта, бевте во топ-3 тимовите во Супер и младинската лига, бевте и дел од големото финале во Купот на Македонија, како ја оценуваш истата?

Изминатата сезона помина одлично, иако бевме најмладата екипа во сениорската лига. Задоволна сум од прикажаните настапи, но секогаш може подобро сепак ракометот е тимска игра и успехот е важен за сите нас, за да се стигне до посакуваната цел потребно е напорна работа, труд и вложување. Успеавме, иако најмлади и често потценети да се носиме со повозрасните ривали, дојдовме и до финалето во Купот што беше круна за нашата одлична сезона.

4.Речиси четири недели тимот се подготвува за новата сезона, како одат подготовките за новата ракометна есен?

Ива: Ние сме Вардар и секогаш и секаде ќе го напаѓаме врвот

Ива: Ние сме Вардар и секогаш и секаде ќе го напаѓаме врвот

Подготовките за новата сезона се во пол ек, тие започнаа многу добро, работиме на физичката подготвеност. Напорната работа, праданиот однос кон зацртаната цел и тимскиот дух не водат уште од самиот почеток. Очекувам одлично подготвени како тим да го дочекаме почетокот на новата сезона 2019/2020. Верувам дека со моите колешки ќе бидеме конкурентни и во било која конкуренција и да настапуваме. Очекувајте нови радости од ЖРК Вардар во новата сезона која не очекува.

5. Ива кои се вашите очекувања од она што престои веќе за две седмици кога почнуваат првите Суперлигашки возбудувања во женска конкуренција?

Во новата сезона очекувам многу квалитетни натпревари. Овој спорт носи многу успеси и падови, но со напорна работа, труд, желба и максимално вложување ќе ја постигнеме зацртаната цел. Ќе се обидеме да отидеме чекор понапред во однос на претходната година, ние сме тим кој сака успех и кој е кадарен истиот да го оствари. Екипата е воиграна, добро се познаваме имаме квалитет и очекувам истиот да дојде до израз во текот на сезоната која престои пред нас-вели Јаковчевска.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ