Генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година денес на теренот на Академијата го одиграа последното коло во рамките на регионалната-скопска лига. Избраниците на Зоран Петковски успеаа да ја совладаат екипата на Драчево Јуниор и на тој начин со триумф да ја крунисаат добрата сезона. Иако гостионскиот тим поведе со 0:1, црвено-црните со голот на Лефковски и двата на Цветков го свртеа резултатот, на крајот Драчево псотигна гол, за конечни 3:2 на овој натпревар.
Вардар: Илиевски, Јакимовски, Ристовски, Јовановски, Величковски (c), Лефковски, Уневски, Кулуковски, Каановски, Цветков, Галевски.
Вардар Фанс цела сезона ја пратеше и оваа генерација, така беше и на завршниот натпревар, после кој следуваше доделување на шампионската титула, од која ви носиме фотографии.