ФК Вардар генерација родени 2008 обезбедија 1/2-финале во детската лига. Момците на Колев Влатко во 1/4-финалето во дербито со ФК Пелистер успеаа да победат со високи 6-1 тие влегоа во најдобрите четири тима во Македонија.
Лука Трпевски отвори со два обида кон голот на противникот, тој во два наврата шутна силно, но не успеа да погоди. Капитенот Ненад Дамјаноски го проба ударот, голманот на зелено-белите успеа да исфрли од гол линијата со крајни напори. Имавме постојана иницијатива, па противникот често исфрлаше во корна. По три корни добивме пенал, истиот во гол за водство со 1-0 го претвори Арти Азизи. Пелистер успеа да ја задрма нашата греда со еден јак удар, тоа беше се што направија во првиот дел. Ново влезениот Стефан Бранковски успеа да погоди два пати атрактивно и да го скрши противникот. За предност од 2-0 погоди по асистенција на Ненад Дамјаноски, за 3-0 беше проигран умешно од Лука Трпевски. Игравме на ниво постојано напаѓавме, противникот беше во дефанзива. До крајот на првиот дел Дамјаноски се закани уште еднаш, на одмор заминавме со високи 3-0.
Вториот дел момците на Колев Влатко го одигаа рутинирано, високата предност и одличната игра во офанзива им даваше предност над ривалот. Успеавме да постигнеме нови три гола. Противникот успеа единствено да погоди еднаш, нивниот почесен погодок го постигнаа од пенал. Ние со резултат 6-1 обезбедивме 1/2-финале. Головите за нас ги постигнаа во овој период: Киш Матеј, Петар Блажевски и капитенот Ненад Дамјановски.