Момците на Филип Спасевски, ФК Вардар генер.2006 година во 1/4-финалето од Детската лига се соочија со ФК Кул. Црвено-црните обезбедија пласман во 1/2-финалето, местото во најдобрите четири тима во земјата го обезбедија со победа од 6-2 (2-1).
Прва прилика имаа црвено-црните, Нуман нафрли топката со глава Алији Алтин ја закачи, таа мина крај голот. По еден прекин ФК Кул се закани и погоди во стативата од голот на Данстак, кој денес беше на висина на задачата. . Николовски Марко нафрлувава со Дарко Сековски кој отвара со гол за водство со 1-0. Нуман Ајетовиќ и Алији Алтин имаа по една прилика, двете шанси успеа да ги одбрани голманот на ФК Кул. Конечно ја “скршивме“ дефанзивата на ривалот за удвојување на предноста и водство со 2-0 погоди Алији. Во финишот противникот успеа со еден случаен погодок да намали на 2-1, резултат со кој се замина на пауза.
Почнавме офанзивно со цел да ја вратиме предноста од два гола која ја изгубвме во финишот на првиот дел. Прилики за гол имаа Марко Николовски, Дарко Секосвки, кои не ги претворија во погодок. Конечно преку Николовски по една одлична акција ја вративме предноста од два гола, тој погоди за 3-1. Веднаш по овој гол во следната акција со удар од над 20.метра зголемивме и на 4-1, стрелец на овој убав гол беше Нуредини. Напаѓавме постојано, прилики имаше и Антони Динов, тој во една од нив успеа да погоди и за 5-1.
На голот до средината на вториот дел сигурен беше Андреј Данстак, тој му го остапи местото на Краљевски Максим кој исто така впиша неколку успешни одбрани. Противникот намали на 5-2, по што следеше наша нова офанзива на нивниот гол. Михаил Николов се обиде од дистанца, Динов имаше нова прилика која не ја реализираше. Печат на победата стави токму Динов со неговиот погодок за 6-2.