Најверната поддршка на ФК Вардар го најави дербито со Пелистер во недела на еден ретко виден начин. Приврзаниците на „црвено-црните“ направија факлијада, а потоа со песна ги поздравија и фудбалерите на Вардар и им дадоа мотивација, кој исто така беа присутни на стадионот.
Да потсетиме дека е успешна и акцијата ,,Купи билет за спас на ФК Вардар”, па по тој повод и беше оваа организација на навивачите.
Вардар во недела го пречекува Пелистер од 14 часот, а навивачите порачаа дека сакаат победа.