Денес стартуваше осмото издание на регионалниот турнир во Сараево „Играј фудбал, живеј живот“ на кој се натпреваруваат осум екипи. Утрово, Вардар одигра меч со домашниот тим на Сараево, од кој бевме поразени со резултат 2:0 (1:0). Беше свечено отворен и турнирот, на кој присуствуваа сите екипи, тоа се Вардар, Локомотива Загреб, Сараево, МТК, Железничар, Мура, Црвена Ѕвезда и Локомотив Пловдив. Утре на програмата се мечевите од второто коло, во кое Вардар за противник го има тимот на Локомотива Загреб.
Погледнете фотографии од отворањето на турнирот во Сараево.