Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од ракометар кој беше испратен во третолигаш, стана Европски шампион и вистински „sвер”: Дами и господа – тоа е „Самба”
Од ракометар кој беше испратен во третолигаш, стана Европски шампион и вистински „sвер”: Дами и господа – тоа е „Самба”

Од ракометар кој беше испратен во третолигаш, стана Европски шампион и вистински „sвер”: Дами и господа – тоа е „Самба”

Џинот од Бразил Рожерио, е нов играч на РК Вардар! Вака „Вардар Фанс” го претстави Фереира Мораес на 19/03/2016 година.

Фереира Мораес дојде на многу „мала врата” во редовите на Вардар. Овој бразилски „џин” со само 22 години дојде во редовите на Вардар, со никаква минутажа во редовите на славниот германски тим Кил. Во Германија Мораес скоро и да не доби шанса во Лигата на шампионите, одигра само неколку натпревари во сезоната 2015-16 и постигна четири погодоци, а претходно беше испраќан и на позајмицa во третолигашот Алтенхолц.

Во Вардар како што рековме беше претставен на 19.март 2016 година, а започна да игра за нашиот тим по завршувањето на таа натперварувачка сезона. По летните подготовки во новиот тим, Мораес во сезоната 2016-17 не се изнаигра баш, па така постигна само 12 погодоци во Лигата на шампионите. Следните две сезони Бразилецот буквално „експлодираше” во нашиот тим. Од човек кој Кил не му даваше никакви шанси за добар играч, стана вистински лидер на пивотменската позиција, а имаше и огромен придонес во одбраната на нашиот тим, тогаш пред голот на Штербик. Во натпреварувачката сезона 2017-18, Мораес постигна 29 погодоци за Вардар во Лигата на шампионите. По овие настапи измината сезона, кружниот напаѓач не застана и ја одигра својата најдобра сезона во кариерата.

brazilskiot-dzhin-rozherio-e-nov-chlen-na-vardar-4758

Популарниот „Самба” оваа сезона одигра феномелано! Освен што беше најефикасен кружен напаѓач на Вардар во Лигата на шампионите со 35 погодоци, одигра и маестрални два натпревари во Келн, не така одамна. И даде четири погодоци на Барса во 1/2 финалето од пет обиди, а во големото финале беше незадржлив на линијата од седум метри и постигна шест погодоци од исто толку обиди, што го направи и најдобар стрелец на финалето заедно со Мае. По натпреварите и големата титула, втора во кариерата, Мораес е избран за најдобар играч на фајнлфор турнирот во Келн од страна на навивачите, за крај на оваа блескава сезона.

За жал, сега, по три сезони минати во Вардар и во Скопје, популарниот „Самба” заминува и ќе ги брани боите на Веспрем. Му посакуваме успех на „Самба” и што побрзо да се врати во клубот кој веруваше во него, а тоа секако е тимот на Вардар!