Зад нас е првиот изминат кург од шампионатот на Македонија во фудбал. Шампионот на Македонија, тимот на Вардар по овој изминат прв круг може да биде задоволен, а може да биде и незадоволен како котира на првенствената табела.
По изминатите 11 рунди, Вардарци се наоѓаат на осмото место со скор од три победи, четири нерешени резултати и исто толку порази = на 13 освоени бодови. Нападот на ,,црвено – црните” засега е добар. Има постигнато 14 погодоци, што на пример е подобар од Пелистер, Беласица, А.Пандев, Струга, Работнички… но одбраната засега е на непосакуваното ниво. Тимот на Вардар до овој момент прими дури 20 погодоци, што ги прави еден од најслабите одбрани во лигата.
Табела:
Кога се во прашање головите, засега Блажевски, Цветаноски, Мицевски, Петковски, Попзлатанов и Мирчевски имаат по два постигнати погодоци. Кога се во прашање настапите, засега сите 11 натпревари ги имаат одиграно Илиќ, Велкоски, Лазаревиќ, Најденов, Мицевски и Петковски.