Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го загуби првиот контролен натпревар од селекцијата на Црна Гора. На дуелот кој се одигра на стадионот во Ѓорче, избраниците на Арслани претрпеа минимален пораз од 0:1
Македонија имаше свои шанси на натпреварот, кои за жал не ги искористи. Во стартниот состав на Македонија се најдоа двајца вардарови играчи. Се работи за Виктор Крстевски и Мартин Радуловиќ-Величковиќ.
Во игра влезе уште и Александар Ѓурковски, додека во составот на мечот беше и Фисник Салиу, кој шанса за настап ќе чека на вториот контролен дуел на овие две репрезентации кој е закажан за во четврток.