Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ТАБЕЛИ !! Генерација 2006 останува стопроцентна, генер. 2005 одржува чекор за првото место
ТАБЕЛИ !! Генерација 2006 останува стопроцентна, генер. 2005 одржува чекор за првото место

ТАБЕЛИ !! Генерација 2006 останува стопроцентна, генер. 2005 одржува чекор за првото место

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар имаа победничко 10. коло во рамките на регионалната-скопска лига. На теренот на Академијата наш противник ни беше тимот на Милано, кој го совладавме на двата дуели.

Генерација 2006 не пропушти ништо на случајноста и стигна до својата деветта победа од исто толку одиграни мечеви сезонава во лигата. На домашен терен го совладавме тимот на Милано со резултат 3:1, а примениот гол беше прв за оваа генерација сезонава. После ова коло се зацврстивме на врвот на табелата, искористувајќи го поразот на Еуроспорт кој на гостински терен беше поразен од екипата на Шкупи. Вардар е прв со 27 бодови, додека Еуроспорт има 24, но и натпревар повеќе од нашиот состав. На третото и четврто место се наоѓаат екипите на Шкупи и Шкендија кои имаат по 21 бод.

2006

До седма победа сезонава стигна генерацијата 2005 на Вардар која стигна до триумф во последните минути од мечот со Милано (2:1). Со оваа победа го одрживме чекорот со првопласираниот тим на Кул кој има четири бодови повеќе, но црвено-црните имаат меч помалку за одигрување.

2005