Викендов се одигра втората, финална рунда на државното поединечно првенство за куглари У23. На него учество земаа двајца вардарци. Кадетскиот шампион од нашите редови, Мартин Митиќ дојде до „сребро“ во оваа категорија.
Работата во црвено-црниот тим со младите надежи вродува со плод, тренерот на Вардар, Драги Димитровски со голема љубов младите вардарци ги внесе во овој спорт. Митиќ освии кадетско „злато“ и младинско „сребро“ оваа 2019 година. На својата официјална страница КК Вардар за овој успех објави:
После освоената кадетска титула до 18, на нашиот Мартин Митиќ за влакно му побегна и титулата до 23 години и го освои второто место на државното поединечно првенство за млади до 23 години.