Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар започна со подготовки за пролетниот дел. Оваа генерација под водство на Зоран Петковски напорно тренира на спортскиот комплекс во населбата Хиподром и се подготвува за учеството на меѓународниот турнир во Сандански ( Бугарија) кој ќе се одигра во периодот од 12-16.февруари.
Нашиот медиум беше присутен на утринскиот тренинг на оваа генерација, од кој ви носи фотогалерија.