Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровите пионери со пресврт го победија Скопје
Вардаровите пионери со пресврт го победија Скопје

Вардаровите пионери со пресврт го победија Скопје

Денес на спортскиот комплекс во населбата Хиподром својот прв контролен натпревар во новата година го одиграа вардаровите пионери. Момците на Саше Божиноски со резултатски пресврт во вториот дел го победија тимот на Скопје, со резултат 3:1 (0:1).

Вардар: Апостоловски, Трајчевски, Кулуковски, Митревски, Фидановски, Сековски, Нуредини, Ристовски, Туша, Кузмановски и Бундалески.

1

Противникот успеа да го отвори резултатот и тоа со нивниот единствен директен удар во првиот дел, голот падна во првите пет минути од натпреварот после една наша дефанзивна грешка за предност на Скопје од 0:1. Вардар беше многу подобар на теренот, имаше иницијатива и постојано создаваше шанси кон противничкиот гол, но сепак во првиот дел не успеа да ја затресе нивната мрежа. Михаил Кузмановски го имаше првиот обид кај нас, но одбрани голманот, додека се обиде и Дарко Сековски кој бие од некаде 25.метри над голот. Најголемата прилика за израмнување на резултатот ја имаше Алтин Нуредини кој бие со глава од неколку метри крај голот, откако центар шут од левата страна упати Трајчевски.

2 3

Противникот успешно се бранеше во овој дел од натпреварот. Продолжи нашата иницијатива, следен во шанса се најде Зоран Фидановски кој после продор од десната страна опасно биеше, но голманот на Скопје со одлична интервенција спаси израмнување. Последната голема прилика во првото полувреме ја имаше Кузмановски, кој бие крај голот на одбиена топка после изведен корнер.

Во вториот дел избраниците на Божиноски продолжија со доминацијата, но во овој дел од мечот ги искористивме шансите. Зоран Фидановски беше играчот кој успеа да го израмни резултатот на 1:1, после асистенција од Кузмановски.

4 5 6 7

Предност на Вардар донесе нововлезениот Јаневски Михаил, кој доби топка во противничкиот шеснасетник и биеше прецизно за 2:1. Во последните минути од натпреварот постигнавме уште еден гол за конечни 3:1 на овој контролен натпревар.

Шанса за игра во вториот дел добија сите играчи кои беа на располагање за овој дуел.