Овие два дена гостин на ФК Вардар, е екипата на Пирин од Бугарија, која во Скопје допатува со своите генерации родени “2002“ и “2003“ година. Во текот на вчерашниот ден се одигра првиот контролен натпревар на Вардар и Пирин, кај генерацијата родени “2003“ година, дуел кој им припадна на Вардарци, кои славеа минимално со резултат од 1:0. Стрелец на голот беше Лео Андрески.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.