Дербито меѓу Вардар и Металург имаше хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски, роден 15.08.2001, кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж.
Младиот Борче боледува од ретка генетска болест Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство. Тој доби дрес од Стоилов како подарок. Воедно двата клуба најавија дека ќе донираат за младото момче и искрено му посакаа да оздраве.