Вардаровиот тим денеска го одработи првиот тренинг на стадионот Младост во Струмица. Нашите играчи се запознаа со условите и тревникот на Младост. Денешниот тренинг секако беше од полесна природа. Утре следува главната подготовка за натпреварот во вторник кој ќе започне од 18 часот.
Дојдете сите во Струмица да славиме победа и пласман во наредната рунда.