Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година после двете освоени први места во регионалната-скопска лига, во новата сезона ќе се натпреваруваат во првенството, како помлади пионери за кои ова ќе биде дебитантска сезона. Филип Деспотовски ќе биде тренер на оваа генерација, која ќе биде засилена со повратниците во екипата, Андреј Стојчевски и Дамјан Ќосески, играчи кои претходниве две години беа дел од академијата на ФФМ. Филип Деспотовски настапуваше за првиот тим на Вардар, во периодот од 2007-2008 година, како и од 2013-2015. Има повеќе од 67 настапи во црвено-црниот дрес и постигнато три голови. Деспотовски, кој има 19 настапи за македонската репрезентација е поранешен фудбалер на ОФК Београд, Бежанија, Мачва (Србија), Етникос Пиреа, Пиерикос (Грција), Ворскла (Украина), Интер Баку (Азербејџан), а во Македонија играше за Цементарница, Работнички, Напредок и Тетекс. Минатата сезона беше помошен тренер на Игор Кралевски, на клупата на генерацијата на Вардар родени “2004“ година која ја освои двојната круна.
Погледнете фотографии од вчерашниот утрински тренинг на црвено-црните, кој беше предвиден само за физичка подготовка на играчите.