Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се освојувачи на купот на Македонија. Тие денес во големото финале беа подобри од екипата на Милано. Конечниот резултат гласеше 3:1. По првото полувреме беше нерешено 1:1. Поведовме со голот на Марко Ѓорѓиевски, додека во последната минута од првиот дел, противникот го израмни резултатот. Во вториот дел целосна доминација на Вардарци, кои со вториот гол на Ѓорѓиевски и Битиќи славеа со 3:1. Погледнете ја нашата фотогалерија од големото финале и славјето за освоениот трофеј.