Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар подобар од Охрид, в петок нов дуел овој пат во купот
РК Вардар подобар од Охрид, в петок нов дуел овој пат во купот

РК Вардар подобар од Охрид, в петок нов дуел овој пат во купот

Денеска со почеток во 14 часот во малата сала при спортскиот центар ”Јане Сандански” РК Вардар одигра нов дуел во рамките на Супер лигата во машка конкуренција. Ова беше шестто коло во Супер лигата, Вардарци денеска запишаа убедлив триумф 37-26  (20-13) и се зацврстија на првенствената табелата како лидери со максимален ефект. Инаку РК Вардар и РК Охрид веќе во петок ќе одиграа нов натпревар, овој пат во 1/2 финалето од Купот на Македонија и тоа во Охрид.

Вардарци овој натпревар го одиграа рутинирано и стигнаа до нова, шеста победа. Уште од првата минута Вардар ја оправда улогата на фаворит и не му дозволи на гостинот во ниту еден момент да помисли на водство или на некаков неизвесен натпревар. Вардар настапи и на овој натпревар во коомбиниран тим, на голот беше Петар Ангелов кој имаше неколку одлични одбрани, а во првиот дел во нападот се истакна Марсениќ. Во 8 минута резултатот беше 8-4, потоа во 16 минута Вардарци имаа +5, во 25 минута Вардар ја зголеми предноста за уште еден гол која изнесуваше 17-11, за на крај, на полувреме да се замине со високи 20-13.

Во вториот дел Вардар даде ”газ”, во игра влегоа за прв пат денеска Карачиќ, Душебаев, Манасков и Стоилов. Во 35 минута Вардарци имаа предност од 22-16. Во 39 минута тренерот на Охрид мораше да побара тајм – аут бидејќи Вардар отиде на предност од десет голови.  Во 41 минута од натпреварот Вардар ја имаше и највисоката предност на овој меч, која изнесуваше 28-16. Се играше и 47 минута од мечот, а Вардарци имаа предност од +10 (30-20). Во 53 минута од натпреварот со голот на Манасков од пенал Вардар дојде до +11 (33-22). Во 57 минута од натпреварот Вардар имаше водство од 11 голови. На крајот резултатот гласеше 37-26 за нашиот тим.