Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Јакуп Бериша: Чуството е прекрасно, бидејќи неможе секој играч да се пофали дека две години по ред го освојува трофејот од купот
Јакуп Бериша: Чуството е прекрасно, бидејќи неможе секој играч да се пофали дека две години по ред го освојува трофејот од купот

Јакуп Бериша: Чуството е прекрасно, бидејќи неможе секој играч да се пофали дека две години по ред го освојува трофејот од купот

Денес имаме за што да се радуваме, бидејќи стигна првиот трофеј во витрините на фудбалскиот клуб Вардар. Пионерите се закитија со трофејот од купот, откако денес во големото финале беа подобри од екипата на Милано. Вардарци беа подобрата екипа на теренот, која ја контролираше играта во текот на целиот меч. Поведовме со голот на Ѓорѓиевски, додека на самиот крај на првиот дел, Милано по една грешка на нашата одбрана успеа да го израмни резултатот. Сепак во вториот дел не пропуштивме ништо на случајноста и со два погодоци во противничката мрежа го решивме победникот. Најпрво Битиќи за водство од 2:1, за потоа и Марко Ѓорѓиевски да стави точка на ова финале. Еден од подобрите поединци на денешноот финале беше Јакуп Бериша, кој ја имаше можноста втора последователна година да го освои купот со црвено-црните.

-Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар, иако ние бевме фаворити сепак ова беше финале за куп. Бевме подобри од екипата на Милано, покрај постигнатите голови имавме уште неколку шанси кои не ги искористивме. Чуството е прекрасно, бидејќи неможе секој играч да се пофали дека две години по ред го освојува трофејот од купот. Нема да застанеме тука, ќе се бориме до крај и за првенствената титула.

Оваа генерација има добри шанси на крајот да биде прв и во првенството. Се е во рацете на Вардарци, кои имаат за одигрување уште три натпревари. Викендов не очекува гостување во Железарница против екипата на Металург.

-Имаме уште три битни натпревари, кои мора да ги добиеме и да ја освоиме двојната круна. Се надеваме дека трудот кој го вложуваме цела година ќе ни се исплати, како на нас играчите, така и на нашите тренери кои веруваат во нас, изјави Јакуп Бериша за нашиот сајт.

Звонко Ивановски