Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Втора година по ред, капитенот на пионерите го подигнува трофејот од купот
Втора година по ред, капитенот на пионерите го подигнува трофејот од купот

Втора година по ред, капитенот на пионерите го подигнува трофејот од купот

Втора последователна година пионерската екипа на фудбалскиот клуб Вардар успева да го освои трофејот од националниот куп. Пред нешто помалку од една година, тогашната генерација како помлади пионери во големото финале на купот беа подобри од екипата на Шкендија. Тогаш тој меч во регуларните дел заврши без голови 0:0. Дури по изведувањето на удари од белата точка беше решен победникот, а тоа беше екипата на Вардар со вкупен резултат од 9:8. За Вардар погодија на два пати капитенот Елвир Рамиќ, Горјан Трајковски-Каркалашев, Мартин Филипоски. По еден гол постигнаа Марко Ѓоргиевски, Мартин Стојчевски и голманот Малик Зибери. На крајот пехарот го подигна капитенот Рамиќ. Сите овие играчи беа дел и од денешното големо финале на купот, на кое успеаа да го повторат успехот од минатата сезона и да го одбранат овој трофеј. Втора година по ред титулата од националниот куп останува во витрините на Вардар, а капитенот Елвир Рамиќ  гордо втора сезона по ред го подигнува трофејот од купот.

vardarfans-4

До крајот на сезоната остнуваат за одигрување уште три кола во првенството. Исто како и минатата, така и оваа година на патот кон одбрана на двојната круна ни стои екипата на Шкупи. Лани тимот од Чаир на крајот беше поуспешен и посреќен за еден бод. Се надеваме дека оваа сезона ќе биде спротивно и ние ќе се радуваме на шампионската титула. Се е во рацете на нашите млади надежи предводени од феноменалниот Сашо Тодоровски, кои доколку ги добијат останатите три натпревари ќе завршат како првопласирани.