Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > (ВИДЕО) Големо славје за пионерите по освојување на купот
(ВИДЕО) Големо славје за пионерите по освојување на купот

(ВИДЕО) Големо славје за пионерите по освојување на купот

Денес го добивме првиот црвено-црн трофеј во оваа сезона, истиот ни го подарија младите вардарови фудбалски надежи. Пионерите на ФК Вардар денес на теренот на фудбалската федерација на Македонија го одигра големото финале од купот на Република Македонија. Во него се сретнаа  пионерските екипи на Вардар и Милано од Куманово.  Црвено-црните  успеаа да победат со резултат 3:1 и да го освојат купот на Македонија., за нас  стрелци на головите беа Марко Ѓорѓиевски (2) и Саит Битиќи. По победата славјето беше големо, радоста на младите вардарци беше неизмерна. Вардар фанс како неуморен следбеник на сите млади вардарови надежи во сите нивните мечеви од првенството и купот преку две кратки видеа ви ја пренесува радоста на пионерите.