Вардаровите пионери ќе играат во големото финале на силниот турнир “Скопје куп“, кај генерација родени 2000 година. Тие во полуфиналниот натпревар со убедливи 3:0 ја победија екипата на Шкендија. Многу работи беа решени уште по првото полувреме, кога црвено-црните имаа предност од 2:0. Во вториот дел рутински со уште еден погодок во противничктата мрежа ги решивме сите дилеми околу конечниот победник. Марко Ѓорѓиевски, Елвир Рамиќ и Мартин Филипоски беа стрелци на головите за нашиот тим. Погледнете ја фотогалерија од денешното полуфинале за избраниците на Сашо Тодоровски.