Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Историја > ФК Вардар 1981/82
ФК Вардар 1981/82

ФК Вардар 1981/82

ФК Вардар во 1981/82 година во првата Југословенска лига заврши на 14 место на табелата, од вкупно 17 екипи. Оваа сезона за нашиот тим беше под очекувањата. Нашиот тим на 34 првенствени натпревари успеа да запише 12 победи, 6 нерешени и 16 порази, со гол разлика од 43 дадени и 51 примен погодок.

Оваа сезона на првото место заврши тимот на Динамо Загреб со 49 освоени бодови, втора беше Црвена Звезда со 44 бодови, додека пак на третото односно четвртото место завршија тимовите на Хајдук и Сараево. Нашиот тим како што рековме го освои 14 место, зад нас на табелата беа: ОФК Белград, Тетекс и Загреб.

Оваа сезона прв стрелец на Вардар беше Васил Рингов со вкупно 15 дадени голови, потоа следуваше Алексовски Гоце со седум и Гордан Здравков со пет. Највеќе настапи оваа сезона имаа: Ѓоре Јовановски 31,  Здравков Гордан 31 и Петар Георгиевски исто така 31.