Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Традицијата продолжува, 12 млади голмани ги истакнаа своите квалитети во „војната на голмани„ која ја организира Мутибариќ
(ФОТО) Традицијата продолжува, 12 млади голмани ги истакнаа своите квалитети во „војната на голмани„ која ја организира Мутибариќ

(ФОТО) Традицијата продолжува, 12 млади голмани ги истакнаа своите квалитети во „војната на голмани„ која ја организира Мутибариќ

Традиционално и петта година по ред, тренерот на голманите кај петлињата на Вардар, Слободан Мутибариќ, направи натпревар на голманите, или таканаречената „војна на голмани“. Учество во истата земаа Андрај Данстак, Дамјан Танески, Максим Краљевски и Стефан Нанчовски поканет од екипата на Форца (2006), Антонио Пишовски, Даниел Исајловски, Јовица Спасовски (2007), Александар Милошевски, Дарко Јовчев (2008), Марко Баснарков, Лука Грчевски (2009), Огнен Божиновски (2011). Се натпреваруваа секој против секого, а победник во дуелите беше голманот, кој ќе постигнеше повеќе голови.

1 2

На крајот беа доделени и пехари за сите голмани кои земаа учество, додека како победници излегоа Андреј Данстак, кај повозрасните и Лука Грчевски, кај помладите голмани. Сите голмани ги истакнаа своите квалитети и голем потенцијал кој го поседуваат. Ова веќе прераснува во традиција, која се надеваме дека ќе продолжи и во наредните години.

3 4 5 6 7 8 9 10

Пехарите ги доделуваа најдобриот чувар на мрежата во 70 годишната историја на црвено-црните, Драган Мутибариќ како и младиот надежен голман на Вардар од генерација 2004, кој изминативе две години беше дел од Академијата на ФФМ, се работи за Стефан Тасев. Традиционално и Вардар Фанс беше присутен на настанов и оваа година, од кој ви носи фотографии.

 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26