Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибирова, Диви, Манасков, Абутовиќ – сите со поддршка за Вардар против Барса!
Дибирова, Диви, Манасков, Абутовиќ – сите со поддршка за Вардар против Барса!

Дибирова, Диви, Манасков, Абутовиќ – сите со поддршка за Вардар против Барса!

Ракометарите на Вардар добиваат голема поддршка на само еден ден до дуелот со екипата на Барселона. Во Келн неколку легенди на клубот ќе навиваат од се срце за Вардар и ќе се надеваат на пласман во големото финале кое се игра в недела од 18.00 часот.

Ирина Дибирова (екс тренерот на ЖРК Вардар), славниот македонски ракометар Пепи Манасков, потоа екс голманот на РК Вардар, Петар Ангелов – Диви и миленикот на црвено – црната” армија на навивачи Илија Абутовиќ, се само дел од неколкуте познати имиња кои утре ќе му даваат поддршка на нашиот тим директно од „Ланксес Арена“ кој буди убави сеќавања.

Да не заборавиме, присуство најави и почесниот претседател на клубот, Михајло Михајловски.