Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познати термините за Ф-4 во кадетска конкуренција кој се игра во Битола, Вардар против КЛ-7 игра во недела од 12:30 часот
Познати термините за Ф-4 во кадетска конкуренција кој се игра во Битола, Вардар против КЛ-7 игра во недела од 12:30 часот

Познати термините за Ф-4 во кадетска конкуренција кој се игра во Битола, Вардар против КЛ-7 игра во недела од 12:30 часот

РФМ организацијата на кадетскиот завршен Ф-4 турнир му ја додели на Еурофарм Работник, па така најдобрите четири екипи ќе играат дуели за пехар во Битола. Завршницата ќе се одигра во недела, 2.јуни во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Познати се двата полуфинални пара од претходно, сега се утврдени и термините за одигување на истите. Вардар на доминантен начин како лидер од Кадетската група-1 се пласираше на завршницата. Момците на Будимир и Станковски ќе се соочат со најтешкиот ривал од сите три тима, тоа е КЛ-7. Тимот е подготвен и мотивиран, ослабнат е единствено за не играњето на Кизиќ, голманот на црвено-црните е во Келн. Вака изгледаат термините и паровите за Ф-4 турнирот во Битола:

Прво 1/2финале: Е.Работник-Прилеп 10:30 часот

Второ 1/2финале: ВАРДАР- КЛ-7 12:30 часот

ФИНАЛЕ:  19:30 ЧАСОТ