Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати патниците на турнирот во Бјелина, вардарците од генер. 2008 во нов поход
Познати патниците на турнирот во Бјелина, вардарците од генер. 2008 во нов поход

Познати патниците на турнирот во Бјелина, вардарците од генер. 2008 во нов поход

Вардаровата генерација 2008 утрово замина за Бјелина, каде во наредниве денови ќе се натпреварува на меѓународниот турнир “Stopama Save Milosevica” 2019, на кој учество во оваа генерација ќе земат вкупно 32 екипи, поделени во осум групи од по четири тима.

Тренерот на оваа генерација, Влатко Колев со себе понесе 14 играчи. Се работи за: Лука Грчевски, Дарко Јовчев, Иван Ташовски, Стефан Марковски, Стефан Бранковски, Огнен Костовски, Матео Кесиќ, Лука Трпевски, Арти Азизи, Петар Блажевски, Александар Грашески, Леон Стамчевски, Ненад Дамјаноски и Матеј Киш.