Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, во периодот од 15-18-ти февруари беа дел од меѓународниот турнир “Пирин Куп“. На истиот, прво место во својата категорија, освоија генерацијата родени “2003“ година, кои во големото финале ја совладаа екипата на ЦСКА Софија. Второ место освои генерацијата “2005“ која во финалето загуби од екипата на Царско Село од Софија, додека “бронзен“ медал освои генерацијата “’2004“ која во малото финале ја победи екипата на Розова Долина.
На завршната церемонија се доделуваа трофеите и медалите. Погледнете неколку фотографии од крунисувањето на нашите генерации.