Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Муса: Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година
Муса: Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година

Муса: Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година

Девојките на Вардар го одбранија Купот и заслужено се радуваа на нова титула, вчера “црвено – црните” девојки го надиграа во целост тимот на Бадел и заслужено победија. По натпреварот Едина Муса и тренерот на Вардарки, Срѓан Дамјановски изјавија:

“Секако дека очекувавме да победиме. Бевме многу мотивирани, се фокусиравме на тимска игра, на сите ситници. Девојките покажаа дека вредиме и дека можеме да ја одбраниме титулата од минатата година. Секако дека очекуваме да продолжиме исто и во лигата, очекуваме високи победи, па дури и поголеми од оваа во Купот. Вардар на овој Куп не доби мене и Славица Наков како поискусни, но верувајте дека и помладите девојки супер се снајдоа. Вложивме се што можевме како тим и стигнавме заедно до победата. Немав проблем да се вратам силно. Се е во главата, се е мотивација. Тука е и љубовта кон кошарката која ја имам во мене. Планирам понатаму да продолжам уште посилно. Само Господ да е со нас сите и да не чува од повреди” , изјави Муса.

mus

“Ова ми е прва сениорска титула. Мислам дека не е едноставно да ги победиш Бадел 21 разлика. Доминиравме во текот на целиот натпревар и го држевме резултатот под контрола и заврши се како што треба. Имаме две искусни кошаркарки за кои немам доволно зборови. Славица Наков е предобра за да се коментира воопшто, исто и Едина Муса која на првиот натпревар не можеше да даде максимум од себе. Тие се кошаркарките кои ја прават разликата. Денес ќе славиме, а од утре ќе ислиме на првенството” , рече Срѓан Дамјановски, тренер на Вардар. 

Фото: mkf.mk