Втора година по ред, кошаркарките на Вардар царуваат на Куп-натпреварувањето. Во реприза од ланското финале, кошаркарките во црвено-црниот дрес без мака ги совладаа противничките од Бадел 1862 и го задржаа Куп-трофејот во своите клупски витрини. За најдобар стрелец прогласена е Славица Наков (Вардар). додека за најкорисен играч признанието повторно замина во рацете на Едина Муса (Вардар). Голема беше радоста по дуелот и за време на доделување на медалите, личните признанија и големиот пехар.