Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Периќ од март дел од стручниот штаб на Вардар
Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак,  Периќ од март дел од стручниот штаб на Вардар

Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Периќ од март дел од стручниот штаб на Вардар

Како што објавија на официјалнот сајт на Ракометниот клуб Вардар, поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Дејан Периќ (47) ќе биде дел од стручниот штаб . Тој  ќе биде одговорен за работата со голманите во клубот. Веќе на почетокот на март Периќ ќе ја презема работата и ќе им се приклучи на Раул Гонзалес и Давид Девис Камара.

Периќ е добро познат во ракометните кругови како еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата. Како играч  Периќ има настапувано за екипите на:

Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.

Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.

Како играч има настапувано за репрезентацијата на СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија. Има бронзен медал од ЕП 1996, и од СП 1999, како и злато од медитеранските игри во 1991 година. Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

„ За Македонија ме врзуваат убави спомени бидејќи на почетокот на мојата кариера играв во Битола. Исто така во еден период и мојот татко беше тренер на Вардар, па затоа ја чувствувам поврзаноста со тимот. Верувам дека заедно со Вардар ќе продолжиме со добрите резултати и во иднина ќе има добри голмани кои и досега беа препознатлив дел од тимот. Одамна се имам запознаено со амбициите на Вардар и со неговиот сопственик Сергеј Самсоненко, и ова сигурно ќе биде нов предизвик и за мене. Очекувам заедно со тимот и стручниот штаб да соработуваме добро и да донесеме уште подобри резултати. Вардар е тим од самиот европски врв, има одлични играчи и услови и тоа е добар предуслов за продолжување на она што клубот во моментов го има постигнато, вели Дејан Периќ.