Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на првиот 1/4 финален натпревар во среда помеѓу Вардар и Шкендија.
Главен судија на големото дерби ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје. Помошници ќе му бидат Гоце Петрески и Игор Ширилов, додека пак четврти судија ќе биде Никола Костенчев.
Натпреварот на овие две екипи во среда започнува од 14.00 часот