Генерацијата на ФК Вардар родени „2005“ година започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната во регионалната-скопска лига. Утрово на теренот на Академијата, оваа генерација со својот тренер Сашо Јанев го одработија својот тренинг. На проба се двајца играчи, кои доаѓаат од екипите на Форца и Њу Старс, кои треба да се докажуваат пред тренерот Јанев.
Нашиот медиум беше присутен на утринскиот тренер од кој ви донесува фотографии.