Генерацијата “2004“ на ФК Вардар се “прошета“ во осминафиналето на купот, каде убедливо и без поголеми проблеми ја совлада екипата на Пелистер. Црвено-црните триумфираа со убедливи 7:0 и на тој начин си обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување. Во триумфот против битолчани, Георг Стојановски постигна четири голови, по еден беа дело на Гуџуфи, Попов и Ивановски.
Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.