Во текот на вчерашниот ден четири генерации на ФК Вардар ги одиграа своите осминафинални мечеви во купот на Македонија. Сите екипи на фудбалскиот клуб Вардар ги добија своите мечеви и се пласираа во четврфиналната рунда. Една од генерациите која продолжува понатаму се помладите пионери кои успеаа да ја елиминираат екипата на Академија Пандев. Победникот се решаваше по изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел немаше голови. По шест изведени серии резултатот беше 6:6, додека во седмата Вардар успеа да постигне гол, а струмичани да промашат, односно голманот на црвено-црните успеа да го одбрани ударот. Токму Марко Станковски за нашиот сајт ги пренесе впечатоците од пласманот во следната рунда од купот.
-Иако на почетокот на мечот тие ја имаа првата шанса, ние низ текот на натпреварот имавме тотална доминација врз играта и многу поголем број на прилики за постигнување на гол. Разликата од минатата утакмица беше што тие играа уште мотивирано против нас. За бранењето на пеналите немав некоја посебна филозофија едноставно одбирав страна, но при последната серија решив прво да сочекам и на крајот тоа испадна како исправно.
После заминувањето на Љупчо Марковски, оваа генерација на Вардар ја води Рап-Тап.
-Оваа сезона започнавме добро со тренерот Марковски-Калц, но и сега продолжуваме уште понапорно и со подобра игра и резултати со тренерот Тодоровски, како во првенството така и во купот.
Звонко Ивановски