Вчера, ген. 2007 на ФК Вардар го освои силниот меѓународен турнир „Црно Море Куп“ кој изминативе денови се играше во Несебар. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге во големото финале успеаа да ја совладаат екипата на Реал Ниш од Србија. Откако противникот прв успеа да го отвори резултатот, до крајот на мечот, црвено-црните направија резултатски пресврт, постигнаа два гола во противничката мрежа и на крајот славеа со резултат 2:1. Стрелци на головите беа Милош Спасовски и Михаил Јорданоски. Радоста по освоениот пехар беше голема, честитки за сите момци.