Пионерите на РК Вардар се наоѓаат на подготовки во Струга, каде во текот на вчерашниот ден продолжија со одигрување на контролни натпревари
И вчера, момците на Петковски одиграа два натпревари, овој пат со екипата на Струга, 2004 и 2002 годиште. Ги добивме и двата натпревари, со посебна доминација во конкуренцијата со 2004 годиште, дуел на кој славевме со резултат 26:17, додека против генерацијата 2002 на Струга победивме со резултат 25:22.
Денес ќе биде ден само за тренинг, додека во четврток играме против екипата на Енхалон. Добиваат шанса сите играчи и посебно радува фактот што многу сериозно пристапуваат на минутажата што ја добиваат. Зацртаниот план во целост се остварува за овој период од годината. Сабота наутро екипата се враќа во Скопје.